Со една на ручек, со друга навечер, легендарниот Фидел Кастро

Додека неговите сограѓани живееја во немаштија, неодамна починатиот кубански претседател Фидел Кастро, живееше лагоден живот, кој секако, го чуваше во тајност. Во исто таква тајност ги чуваше и своите осум деца, бројни љубовници, па дури и своите сопруги. 

Својата прва сопруга, Мирта Диаз, Фидел Кастро ја изневерил со убавицата од Хавана, Наталија Ревуелта, додека втората сопруга Далија Сото дел Вале, ја изневерил со „другарката“ Селија Санчез, својата секретарка, која му била личност од доверба долги 30 години. 

Далија Сото дел Вале е најважната, но најмалку позната жена на кубанскиот претседател Фидел Кастро. Тие се запознале 1961-ва година на јавен настан, во кубанската покраина Вила Клара, а исто како и сите други успеала да го освои со својата убавина, плава коса и неодоливи очи. По само три средби, Фидел и предложил да се пресели во Хавана, каде дискретно ја сместил во куќа на периферијата од градот. Парот наскоро станаа родители на дури 5 деца и тоа машки, а имињата на сите деца започнуваа со буквата „А“: Алексис, Алекс, Алехандро, Антонио и Анхелито. Првите три имиња се варијација на името Александар, кое Кастро го користел како псевдоним за време на герилското војување. 

Во 1984-та Кастро дознава дека Далија го изневерува со Жорге, угледен член на партијата. Еден ден, Далија го испратила службениот возач да и купи нешто, а во негово отсуство го замолила Жорге да ја однесе кај нејзината мајка. Возачот се вратил, но право во куќата на нејзината мајка каде ги затекнал двајцата како танцуваат. Возачот Рене, целиот случај го пријавил на својот колега, со кој заедно отишле да му пријават на претседателот. Нивниот состанок траел половина час, по што било заклучено дека нивната комуникација завршува. Наредните месец дена, Кастро не си одел дома, патувал по Куба и спиел во неговите 20тина куќи. По 4 недели тој се вратил дома, без никакво објаснување, во Пунто Серо, а нивниот брачен живот продолжил исто како да ништо не се случило. Што се однесува до Жорге, тој преку ноќ исчезнал и никој оттогаш нема ништо чуено за него, ниту пак некој претерано се интересирал во врска со него. 

Можеби Кастро и простил на Далија, веројатно од причина што и самиот често бил во кревет со бројни убавици. Имено кубанскиот заводник имал далеку повеќе од две љубовници, наводно спиел со повеќе од 35 000 жени, а секојдневно би спиел со најмалку две, со една на ручек, со друга навечер, и се така долги 40 години.