Снег утрово во овој дел од Македонија - Март ќе ни донесе вистинска зима?

Слаби врнежи од снег утрово има на Попова Шапка.И метеологот Славчо Поповски сподели фотографија од овој дел на македонија каде утрово има вистинска снежна идила. 

Според неговите прогнози снег се очекува во првата половина на март. 

- Најновото ажурирање на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF, во превод Европски центар за среднорочна прогноза) црта многу снег на Балканот, како и многу ниски минусни температури, кои би биле потпросечни за март месец уште во првата декада од истиот месец, прогнозира Поповски.