Скопје повторно се гуши

Скопје повторно се гуши во смог, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост над нормалата.

Мерната станица во Лисиче бележи најголема загаденост,  потоа следи Ректорат ,Гази Баба и Карпош.

Алармантна е состојбата и во другите градови на Македонија. Екстремно загадување на воздухот е измерено и во Кичево каде се регистрирани ПМ10 честички во износ од 314 микрограми на метар кубен, Струмица нивото на ПМ10 честички е 292, а во Куманово се измерени 166 микрограми на метар кубен.

Градот Скопје веќе подолго време е на листата на најзагадени градови во светот.