Скопјанка нападната во Градски парк од поранешниот партнер

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.