Сиромаштијата во Македонија е во пораст

Сиромаштијата во Македонија е во пораст. Според последните статистички податоци  22 проценти од вкупниот број на населението во државата  е сиромашно. 

Едни  од најпогодените  се бездомните и лицата со попреченост за кои и податоците се најсиромашни. Од платформата за сиромаштија велат дека ваквата состојба во последниот период  особено била изразена и кај семејствата кои имаат деца. Бројките за изминатата година покажале дека детската сиромаштија достигнала близу 30%.

,, Сиромаштијата во Македонија гази. Секоја година е повисока иако за мали проценти, меѓутоа не се бележи стагнација или пад. Се по сиромашни се семејствата кои што имаат деца. Детската сиромаштија е во пораст во изминатата година и за жал се повеќе имаме луѓе кои што се близу до работ на сиромаштија и тешко излегуваат оние кои што се веќе во сиромаштија.,, вели Билјана Дуковска претседателка на платформа против сиромаштијата.

Од фондот за население на Обединетите нации кои заедно со платформата за сиромаштија реализираат серија на работилници низ државата  со цел да разговараат со граѓаните и невладиниот сектор на тема одржлив развој велат дека причините за сиромаштијата се најразлични. 

,, Проблемите со кои што се соочуваат се од сите сектори на општеството. Треба дополнително да се направат анализи кој проблем е најклучен и која активност  може каталитички да делува во справувањето со состојбите. Пописот како една операција статистичка која што има најголем обем во секоја држава ги обезбедува податоците по најразлични карактеристики за населението и затоа Обединетите нации препорачуваат пописот да се прави во секоја држава секоја десета година.,, вели Соња Таневска, помошник претставник на Фонд за население на ОН 

Од фондот за население на Обединетите нации  очекуваат бројките да покажат и да дадат подобри податоци кои се луѓето што се најмногу обесправени, со какви проблеми се соочуваат и во какви услови живеат.