Симоновска: „Онкологија“ ич не функционира нормално

Министерството за здравство пред малку информираше дека Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. 

- Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, порачаа оттаму. 

Но, новинарката Мирослава Симовска, објави нешто друго. 

- Само шо излегов од Онкологија, има 500 пациенти на метар квадратен, пуно доле како на пасошко. Министерство објавува дека Клиниката функционирала нормално. Ич не функционира нормално. Нема лекови, нема пари, нема доктори, има многу болни. Тоа е само да ви кажам од терен. А кој не верува, само нека влезе од вратата внатре и ќе поверува со оглед на тоа што чекалните се на приземје, порача таа во објава на Фејсбук.