Штипските пензионери ќе протестираат на Денот на востанието, 11 Октомври, и ќе одат за Скопје

Штипските пензионери се незадоволни од одлуките на Министерството за труд и социјална политика да нема линеарно зголемување на сите пензии, ниту определување на најниската пензија и најавија голем протест на 11 Октормври, на Денот на востанието на македонскиот народ. „Како може да се загрози пензискиот фонд со нашите барања, кога не се загрозил буџетот на државата со функционерските покачувања на платите за 78 отсто“, прашуваат од иницијативниот одбор на пензионерите, реагирајќи на изјавата на министерката Јованка Тренчевска, која исто така прима функционерска плата. Тие ја поканија на сарма без месо, зашто пари за месо нема.

Соња Арсовска член на Иницијативниот одбор за протести на пензионерите вели дека тешката социјална положба во која се наоѓаат, првпат во историјата на државата ги изнесе на улица за да си ги бараат своите права.

- Ќе продолжиме со протестите и ќе бараме и понатаму линеарно покачување на пензиите ама сега не за 3.500 денари, туку за 5.000 денари, а зошто? Затоа што инфлацијата си го зема данокот, цените од 5 и 8 денари за некои производи не ја менуваат нашата социјална положба, вели Арсовска.

Тие упатија и прашање до ресорната министерка, Јована Тренчеовска како може да се наруши стабилноста на фондот за пензинско и инвалидско осигурување ако има линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари, а не се наруши стабилноста на Буџетот кога се покачија  на платите на функционерите од 78 проценти.

- Немаме достоинствени пензии кои ќе ни бидат доволни за достоинствен живот, сакаме да си го земе секој она што му припаѓа. Ако направиме споредба 5.3 проценти со вашите 78 проценти, за линарно ќе се наруши стабилноста на фондот, а со вашето покачување од 78 проценти не се нарушува стабилноста на Буџетот, порачаа пензионерите, кои денеска се собраа пред Здружението на пензионери во Штип.

Штипските пензионери ја поканија  министерката Тренчевска на пениознерска сарма со листови и ориз оти, како што велат, со 700 денари нема пари за месо.

Штипските пенизонери најавија протест на празникот 11 Октомври со почеток во 10 часот, а потоа ќе следува и голем масовен протест во Скопје пред Влада.