Шилегов: Скопје е слободарски и прогресивен град и така мора да остане

Актуелниот градоначалник, кој во вториот круг ќе се бори за уште еден мандат, се обрати на скопјани и ја побара нивната доверба. 

Кандидатот и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку Фејсбук повикува:

„Скопје мора да остане град каде граѓаните одлучуваат и дека Скопје не смее да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и неплански развој. Скопје е слободарски и прогресивен град и така мора да остане. Јас силно верувам дека граѓаните ја препознаваат позитивната промена која ја направивме во Скопје за само четири години. Дека го препознаваат и вреднуваат трудот кој го вложивме а верувајте не беше лесно.  Скопје од град во целосна стагнација во развојот за кратко време конечно тргна напред. Јас верувам дека вие граѓаните ја препознавате храброста и визијата плански и стратешки да вложуваме наместо популистички празно да ветуваме“, напиша тој на Фејсбук.