Секс трендови кои ќе ја подигнат 2023 година на ново ново: Сексуалниот wellness останува во фокусот

Пандемијата дефинитивно влијаеше на нашето сексуално искуство. Но, според глобалниот wellness, сепак се работи за позитивно искуство.

Трендовите во сексуалниот живот укажуваат на промена на ставот кон еден пофлексибилен и поотворен поглед на сексот. Тоа е видливо во нормализирање на сексуалното однесување, желбата и ставовите за кои порано не се дискутирало или се сокривале. Се чини дека овој пристап кон сексот, кој е вклучен и прифатен како дел од нашата општа здравствена состојба ќе биде и понатаму присутен, па би требало да очекуваме тој да стане темел на сите идни секс трендови.

Дури и во светот, по завршувањето на пандемијата, луѓето продолжуваат по патот на самопроучувањето, самооткривањето и сексуалното ослободување. Оддалечување од срамот и табуата, т.е. едукација и разбирање на сексот, сексуалноста и сексуалното здравје е позитивно придвижување кое може да им помогне на луѓето да постигнат сексуално здравје и придобивки кои ги сакаат, а да не се чувствуваат приморани да се вклопат во концептот во кој мислат дека „мора“ да се вклопат.

Клиторис

Не, ова не е 2005 година и не, не удривме со главата во плочник на патот до работа. Вистина е. Сексуалното уживање на жената беше занемарено години наназад од низа неразјаснети причини, поголем број од нив патријахални и врзани со неразбирање на мистеријата врзана за женскиот оргазам и повеќекратните оргазми достапни само за понежниот пол. Но, како што напредуваме и како што на жените им станува сѐ поубаво да ја користат технологијата, женското уживање и клиторисот сѐ помалку се табу тема. Знаејќи дека 40-60% од жените мастурбираат, а само 18% од жените доживуваат оргазам со пенетративен секс, не е ни чудо што сведочиме на пораст на непенетративните секс играчки дизајнирани само за жени.

Заедничка мастурбација

Додека традиционалниот секс со љубовникот е испробан и е вистински облик на сексуална интимност, постои нешто сериозно привлечно во „гледај но не допирај“ аспектот на заедничката мастурбација. Набавете играчка за себе и вашиот партнер нека ја користи својата шармантна секс играчка додека двајцата уживате во играта и во чувствата. Свртете се еден кон друг, стоејќи или клечејќи, што ви се допаѓа повеќе. Не само што ќе ви пружи најдобар поглед, туку оваа положба е и најдобра за мастурбирање. Да се слушате еден со друг како дишете, како стенкате или дури и како завивате додека доживувате оргазам го подигнува целото искуство и ја продлабочува врската. Ако вие и вашиот партнер имате ист вкус за стимулација, можете да ги замените играчките за време на играта за да го зголемите уживањето.

Преку секс до ублажување на болката

Карличното дно има голема улога при породувањето и во старосната доба, но исто така игра голема улога и при уживањето за време на сексот затоа што може свесно да се контролира и да се користи за задоволство. Вежбајте опуштање и стегање на карличниот дел. Движењата на карлицата во комбинација со стегањето и опуштањето, за време на сексот може да ја зголемат возбудата и со поголема сила и моќ да го поддржат патот до оргазмот. Ако си го познавате добро телото и карличниот дел можете да го користите без да размислувате за него, тогаш сте во јасна предност. Во спротивно, секогаш имате време за вежбање додека трае предиграта или во соло моментите.

Одлуката да сте сами во немоногамни врски е ваше право

Грижа за себе тнр. self-care, е многу популарен збор последниве неколку години, но што е со самоостварувањето? Иако е многу важно да имате врски, тоа може да биде досадно и да ве натера да заборавите на себе. Вклучете се во соло полиаморија. Површински тоа звучи како уште еден израз за „самец“, но е поблизок синоним за независност во врската, без традиционални пресвртници. Накратко, се работи за луѓе кои сакаат да излегуваат и да имаат повеќе романтични и емотивни врски без примарен партнер. Заклучок, тоа е избегнување на хетеросексуалниот развој на врската и бирање друг пат во романтичните и сексуалните партнерства.