Проблем со стара електроинсталација најверојатно е причината за пожарот во Универзална

Во моментот на пожарот, освен обезбедувањето не е присутен ниту еден работник од фирмата изведувач. Привична претпоставка е дека пожарот се случил поради старата електрична инсталација. Согласно Законот и согласно условите во тендерот објектот е соодветено осигуран, изјави Лазар Арсовски, сопственик на компанијата Универзал-Балкан Скопје, изведувач на реконструкцијата.. 

Според него, проблем со стара електроинсталација најверојатно е причината за пожарот.

– Имаше работници во Универзалната сала, но за среќа тие не биле внатре во објектот во моментот кога избувнал пожарот. А замислете, до пред само 10 дена имаше околу 80 работници кои работеа во Универзалната сала. За среќа, денеска немаше повредени. Градежните работници први го забележале пожарот и се обиделе да го изгаснат со противпожарни апарати, но не успеале, бидејќи била зафатена стара иверица кој за многу брзо време изгорела. Работниците ги повикале пожарникарите, изјави Арсовски.