„Чичко Стоилко“ - сендвичара во трафика, некогаш овој мал локал беше одбележје на градот. Иако веќе не постои, остана во сеќавањата на многу генерации.
Се чекаше ред и по 20 минути само да се земе сендивич од легендарната сендвичара “Чичко Стоилко” во центарот на старо Скопје, се сеќаваат повозрасните скопјани на кои ова култно место им е асоцијација за едни убави минати времиња.
Се чини никогаш нема да згасне носталгијата за овие трафики, од кои една беше сендвичарницата „Чичко Стоилко“ и каде во минатиот век се продаваа највкусните седнвичи, хамбургери и хот-дог сендвичи.
-Класика скара, со мирис на кафеана, се чекаше без проблем, во друштво, се сеќава еден скопјанец.
„Чичко Стоилко“ и „Ванила“ беа збирно место. „Те чекам кај Чичко Стоилко“ – ова е еден легендарен скопски муабет.