МНТ, Хард Рок, Силекс, Метропол, Мусандра...Во деведесетите години Скопје имаше најдобар ноќен живот на Балканот

Скопје некогаш имаше богат ноќен живот на кој можеа да му позавидат и Белград и другите големи градови од балканските простори. 

- Во деведесетите години Скопје имаше најдобар ноќен живот на Балканот. МНТ, Хард Рок, Силекс, Метропол, Мусандра, дискотеките во Градскиот парк, кои тогаш почнуваа со работа, меѓу местата за излегување... Пред 20-ина години актуелни беа и Аполон, Уна, Менс, Академија, Корнер, Рома, Булевар, Тунел... Речиси сите оние, кои беа дел од тоа време, се едногласни ноќниот живот во Скопје тогаш имаше поинаков шмек, се сеќава еден повозрасен скопјанец во групата „Стари Скопјани“. 

- Во 90тите години од минатиот век и немавме баш некоја јака конкуренција на Балканот за да се споредуваме... Србија и Црна Гора беа во војна со Босна и Хрватска, во Албанија и Бугарија владееше сиромаштија и беда, а од Грција имавме ембарго и затворени граници се до 1996та... Така што ноќниот живот во Скопје, таков каков што беше, во тоа опкружување веројатно и бил најдобар, коментира друг скпјанец. 

Старите скппјани се сеќаваат и на алтернативните култни места за излегување од деведесетите, како Дорс, Мјузик Гарден, Зизи, Њуејџ, СФ, Пони, Медиум, Дваескец, Џаџо, Багдад Кафе, Менада (Дали) ...