„Екран“, „Котелец“, „Наш свет“... Се сеќавате ли на овие ретро списанија?

„Екран“, „Котелец“, „Наш свет“, „Другарче“, „Развигорче“, „Забавник“... се само некои од ретро списанијата со кои во минатото се забавуваа различни генерации. 

Шарени насловни страници на кои позираат ѕвезди, гратис постери кои завршуваа залепени на ѕидовите, страници со крстозбори...

За разлика од денес кога речиси и не постои навика да се купуваат списанија, весници и магазини, затоа што истите се лесно достапни на Интернет, некогаш се чекаше денот во неделата кога ќе ни пристигне омиленото списание, кое го читавме од почеток до крај, а постерите од идолите ги чувавме внимателно, затоа што не беше лесно да се „испринта“ се што ќе се посака!

Се сеќавате ли на овие списанија од минатите децении: