СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во меѓусебни обвинувања за убиството во Скопје

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за вчерашното убиство кое се случи во скопско. 

- Во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар. Според првичните информации од медиумите станува збор за криминална пресметка на лица од подземјето. Министерот и началникот на СВР Скопје кои Мицкоски ги постави покажуваат голема некадарност во водењето на МВР, обвини денеска Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Според него ДПМНЕ и Тошковски немаат капацитет да го расчистат случајот.

- Безбедносна на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност. Но, овој случај открива и подлабоки сомневања. Само пред неколку дена обезбедување на Мицкоски тепаше полицаец пред познат скопски локал попречувајќи полициска акција против дрога, додава Каевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ стигна одговор на негвите обвинувања: 

- Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа продолжуваат да се убиваат меѓу себе. Спасовски, Ковачевски, Пендаровски беа први на сликите со криминалците кои во последата година се ликвидираат меѓу себе, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски.

- И оваа ликвидација води кон СДС. Застреланиот бил пронајден од братот полицаец чие име се спомнува во структурата на фирмата која продава јаглен на ЕСМ и РЕК Битола. А кавна тајна е дека ЕСМ и РЕК се златните рудници каде црпи пари врвот на СДС и ДУИ. Коалицијата на СДС со криминалот продолжува и ќе биде тука се со конечниот пад на оваа власт на 8 ми мај. Сега ги гледаме последиците од 7 години коалиција на СДС со мафијата. Пукањето по улиците и убиствата засекогаш ќе останат симбол на времето додека СДС ја водеше државата. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.