Санкционирани 196 возачи на територија на Македонија, 114 возеле пребрзо во населено место

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што казнети се 196 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 82 надвор од населено место.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.