Фрчат казни за брзо возење, санкционирани 252 возачи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 252 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 128 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.