Сообраќајка на две возила во Кочани, возачот на едно од возилата го напуштил местото на настанот и го оставил другиот возач повреден

Вчера во Кочани било пријавено дека кај градскиот стадион се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. Еден од возачите со своите возило го напуштил местото на настанот и притоа со тешки телесни повреди го оставил другиот возач. По кратко време возачот е пронајден и уапсен од страна на полицијата.

„На 12.04.2024 во 07.40 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Димитар Влахов“, над Градскиот стадион, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Д.Т.(24) од Кочани и патничко возило „шевролет спарк“, управувано од Ф.Г.(47) од Кочани, двете со кочански регистарски ознаки, по што Д.Т со возилото го напуштил местото на несреќата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Г., констатирани во Клиничката болница Штип, а Д.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани“.