САД со санкции кон македонската компанија “Сајтрокс“, била закана за безбедноста и интересите на Америка

Министерството за финансии на САД  поставија санкции за два поединци и пет ентитети поврзани со конзорциумот Intelexa, вклучително и  македонската компанија Сајтрокс АД. Како причина за ваквиот потег на САД се развојот, работењето и дистрибуцијата на едн од најмоќните шпионски софтвери наречени Предатор. Овој софтвер се користел за шпионирање на Американци вклучително и американски владини службеници, новинари и експерти за политика.

Сајтрокс АД, компанија во рамките на конзорциумот Intellexa, Минатата година САД ја ставија на црната листа на македонската компанија Сајтрокс АД, наведувајќи закани за „националните безбедносни и надворешнополитички интереси на САД“. На американските компании им беше забрането да се вклучат во каква било соработка со Сајтрокс АД

Метју Милер, портпарол на Стејт департментот, ги истакна случаите кога таквиот шпионски софтвер бил искористен за кршење на човековите права, таргетирајќи ги дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда.

Милер изјави дека најновите ознаки се проактивна мерка за да се обесхрабри злоупотребата на алатките за надзор. Владата на САД има за цел да воспостави јасни заштитни мерки за одговорен развој и употреба на такви технологии. Оваа иницијатива се усогласува со заштитата на човековите права и демократските вредности на глобално ниво.