Робин Шарма: Не ја жртвувајте среќата за некаква титула

„Калуѓерот кој го продаде своето ферари“ е книга која ширум светот се продаде во милиони копии. Тоа е приказна за успехот и богатството од почетокот до крајот. Интересна приказна која започнува со успехот на еден адвокат, а завршува со богатството на човекот.

Ако сте од оние луѓе кои мислат дека ќе бидат среќни само со титула покрај името, размислете уште еднаш. Време е да размислите за вашата дефиниција за лидерство, успех и среќа.

Ова се лекциите на Робин Шарма.

Смирете го својот ум

Квалитетот на нашиот живот зависи од квалитетот на нашите мисли. Тајната за среќа е едноставна, откријте што вистински сакате да правите и насочете ја енергијата кон тоа. Штом успеете да го направите тоа, повеќе среќа ќе надојде во вашиот живот и сѐ што ќе правите, ќе правите со многу волја и среќа.

Грешките се дел од животот

Некои луѓе мислат дека грешките се непоправливи. Но, вистината е дека најголемиот дел од нив можат да се поправат, но и да се заборават мошне брзо. Животот е таков. Ниту една личност не прави ништо беспрекорно. Секој од нас прави грешки. Поентата е да се ослободиме од негативните мисли и да се фокусираме на успехот кој сакаме да го постигнеме.

Целта на животот е живот со цел

Никогаш не ја занемарувајте моќта на малите нешта во вашиот живот. Секој даден ден е порадок. Останете фокусирани на целта, но уживајте во малите нешта. Тие ќе ви помогнат да бидете среќни, останете фокусирани и стигнете далеку.

Правете ги работите од кои се плашите

Огромен дел од луѓето го живеат животот правејќи работи од кои не се плашат. Универзумот им дава шанса на храбрите.

Живејте дисциплинирано

Ослободете се од негативните  мисли, и гледајте ги како несакани посетители. Заборавете на вревата околу вас и на тоа што општеството ви вели дека треба да бидете. Најдете време да седнете во тишина и да се посветите што ви е важно животот. Запрашајте се дали им помагате на другите, дали им нанесувате штета.

Бидете љубезни кон другите

Не само еднаш неделно или еднаш месечно. Изградете навика за да им помогнете на другите на дневна основа. Така ќе го подобрите и квалитетот на својот живот. Ќе го посветите времето на добра цел и ќе изградите благодарност за тоа што го имате.

Никогаш не ја жртвувајте среќата за големите постигнувања

Сите сме на овој свет со посебна причина. Не бидете роб на минатото, наместо тоа станете архитекти на иднината. Запрашајте се што за вас значи успехот. Не робувајте на работата и најдете време за своите најблиски.

На крајот, запаметете: Среќата е избор кој морате да го направите и патување на кое морате да тргнете