РФМ ги пушти во продажба билетите за баражот со Фарски Острови

Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за бараж мечот за пласман на СП 2025, против Фарски Острови. Овој натпревар се игра на 12 мај со почеток од 19 часот во СЦ “Борис Трајковски“ во Скопје.

Цената на билетите се 200 и 300 денари.

„Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во недела (12.05.2024 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на 2025 Men’s World Championship Qualification Europe Phase 2 Part 2 против селекцијата на Фарски Острови .

Продажбата на влезници за натпреварот започнува на ден 15.04.2024 година (понеделник) во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Продажната цена на влезниците за натпреварот е 200 и 300 денари“ се вели во соопштението на РФМ.