Фото: Легендарниот Сол Кембпел е во Скопје, ќе го гледа дербито Работнички - Вардар

Прославениот англиски репрезентативец Сол Кемпбел пристигна во Македонија во работна посета на фирмата „Талнетс“ која се занимава со анализа на фудбалски видео-податоци со помош на вештачка интелигенција, пренесе порталот Спорт1.мк.

Поранешниот фудбалер на Њукасл, Арсенал, Тотнем и уште неколку екипи вчера ги гледаше младинците на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, а утре ќе го гледа дербито со Работнички на Националната арена „Тодор Проески“.

Скопското дерби меѓу Работнички и Вардар се игра денес од 15 часот во рамки на 27. коло од македонската Прва лига.