Моќно видео: „Заветна“ ечеше на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје

Пред почетокот на вчерашниот меч Вардар – Шкендија, пејачката Бојана Скендеровски ја загреа атмосферата со песната „Заветна“, а во еден глас со неа грмеа и сите присутни на полната трибина на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Вардар и Шкендија мораа да се задоволат со по еден бод, а истото се однесува и на Воска спорт и Шкупи кои истотака се во ситуација каде еден тим се бори за опстанок, друг за титула.

Во Маџари, Вардар поведе со гол на Лемос, а Аганспахиќ изедначи во 80-та минута. На дербито имаше убава атмосфера, прекин по кој беше покажан по еден црвен картон за двата тима, а конечните 1-1 се резултат со кој ќе мора да се помират двата тима.