Реновирани 4 занимални во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2

Во градинката Мајски цвет, клон Јасмин, во Тафталиџе 2 беа пуштени во употреба четири реновирани занимални кои пред два месеци беа оштетени, откако падна дел од плафонот.

Во посета на градинката денеска беше градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој изрази благодарност до компанијата Кнауф, која помогна за стручно и брзо враќање во функција на занималните.

– Во градинката Мајски цвет беше неопходно да се заменат сите гипс картон табли на плафоните во занималните. Сакам да изразам благодарност на Кнауф кој ни даде и стручна поддршка и поддршка во материјал. Да му се заблагодарам на господинот Петар Стошиќ под чиј надзор се ова е изведено и кој што ги обезбеди мајсторите за оваа работа, да се изведе професионално и онака како што налага правилото на редење на гипс картон табли за плафони. Со ова, се надевам дека нашите најмлади ќе бидат безбедни и нема да ни се случи повторно она што ни се случи – да падне дел од плафонот. Во исто време директорката и сите други директори добија налог четири пати годишно да ги проверуваат олуците, да ги чистат, за да не се запушуваат за потоа водата да не би се прелевала за да немаме вакви несакани последици, затоа што претставуваат опасност по животот и здравјето на децата згрижени во предучилишна возраст, изјави градоначалникот Јакимовски.