Реакција од Општина Ѓорче Петров: Наместо водење висока политика и кажувањето на ловечки приказни Арсовска да земе да сработи нешто

 

Стигна реакција на Општина Ѓорче Петров по повод прес конференцијата на градоначалничката на Град Скопје,  Данела Арсовскадека општината направила дива депонија. Оттаму велат дека нејзината помпезна прес конференција е промашена и посочуваат дека општината никогаш не депонирала отпад нелегално на посочената локација, ниту создавала диви депонии, напротив Oпштината го чисела таквото ѓубре,

- „За тоа дека ја говориме вистината, градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на ЈП Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму одлагале кабаст отпад. Големиот помпезен случај на Арсовска, се решава за 5 минути и еден телефонски разговор со нејзиниот директор на ова јавно претпријатие. https://adserver.mk/revive-adserver/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=172&loc=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fmacedonia%2Freakcija-na-opshtina-gjorche-petrov-arsovska-da-ne-raskazhuva-lovechki-prikazni-neka-sraboti-neshto%2F&cb=285544cf55Катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, нема да ги покрие со политички мотивирани прес конференции. Добро ќе биде наместо водење висока политика и кажувањето на ловечки приказни, градоначалничката да се погрижи за акутните проблеми на градот, па на следната прес конференција да се пофали со некој изграден булевар, почист воздух или пак решение на чекањето по повеќе часови на автобуски превоз, кој секако согласно нејзините заложби треба да биде бесплатен“, се вели во реакцијата на Општина Ѓорче Петров