Расчистувале сметки со пиштол и ножеви – тепачка во угостителски објект во скопско

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 01.35 часот од полициски службеници од СВР Скопје биле приведени И.М.(29) од Скопје, Т.С.(32) од с.Штрбово-ресенско и С.К.(28)  од с.Орешани-скопско.

Полицијата интервенирала поради тоа што во угостителски објект во населбата Илинден, како што е пријавено, по претходна расправија помеѓу И.М. кој бил заедно со Т.С. од една страна и К.К.(29) од Скопје кој бил заедно со С.К. од друга страна, К.К. со остар предмет замавнал кон И.М. по што И.М. извадил пиштол, а потоа С.К. физички го нападнал И.М.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.