Пукотници и ранети на плажа кај Валона

На плажа кај албанскиот град Валона се случил инцидент со пукотници од огнено оружје. Според досегашните информации има и повредени, известува дописникот на МИА.

Како што пренесуваат албанските медиуми од пукотниците има повреди, а туристите во паника го напуштиле местото.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот. Ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување со цел разрешување на случајот.

На местото на настанот пристигнуваат и возила за брза помош за да им помогнат на повредените.

Се врши увид, засега не е познат мотивот за инцидентот.