Пукање во Приштина: Повредени се 17 лица, едно од нив е во тешка состојба (Видео)

Дури 17 лица се повредени од истрели од огнено оружје вечерва околу полноќ, во центарот на Приштина, во познат локал, јавуваат косовските медиуми.

Според изворите од местото на настанот на порталот „Репортери.нет“, тепачката меѓу двете групи започнала надвор од локалот, која потоа продолжила во внатрешноста на локалот, каде што се пукало. Соопштено е дека од истрелите се повредени 17 лица, додека еден од нив е во тешка состојба. Сведоците виделе како Брзата помош ги одвела повредените да ги испрати на лекување.

Полицијата целосно ја блокирала областа, вклучувајќи ја и улицата „Луан Харадинај“.

- Околу 23 часот и 30 минути во кафеана на улицата „Реџеп Луци“ во Приштина биле пријавени истрели од огнено оружје. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и од првите информации се сомнева дека има повредени од огнено оружје, па дури и од фрагменти од стакло. Додека повредените се испратени на неопходна лекарска помош, полицијата продолжува со работа, односно увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија, информира косовската полиција.