(Фото) Пукање во босанско училиште: Ученик сакал да му се одмазди на наставникот

Наставник е тешко повреден во основно училиште во Босна и Херцеговина, откако бил погоден со неколку куршуми од поранешен ученик на образовната институција, објави босанскиот портал „Аваз“.

Пукањето во босанското училиште се случило утрово околу осум часот, а „Аваз“ објави дека ученикот бил преместен во друго училиште затоа што правел проблеми и во минатото.

Ученикот го погодил наставникот со неколку куршуми, по што тој бил префрлен во болница каде што докторите се борат за неговиот живот.