Првиот Bridal Night во Скопје Мериот

Единствен и уникатен настан ќе организира Скопје Мериот Хотел за сите идни невести и парови кои што сакаат нивната свадбена свеченост да биде посебна и вистинско исполнување на нивниот сон. Првиот Bridal Night во Скопје Мериот е резултат на соработката со Fashion Weekend Skopje и ќе биде есенското издание на Bridal Fashion Night. На Marriott Bridal Night настанот ќе бидат презентирани специјално подготвените колекции на венчаници од модните дизајнери Мила Кадриу и Теута Матоши, SIGMA накит, свадбени детали и совети за конципирање на идеалната свадбена свеченост.

За своите колекции кои дизајнерите Кадриу и Матоши ги подготвија за оваа презентација на свадбени елементи, велат: „На Marriott Bridal Night ќе биде претставен совршен дизајн за совршена љубовна приказна. Луксузни венчаници, наменети за најблескавиот момент од животот на секоја дама. Инспирацијата за создавање на колекцијата, се потенцира всушност од самиот наслов „Вечна љубов“; креации создадени со вечен дизајн кои изобилуваат со свежина, гламур и раскош. Вистинско изненадување во оваа колекција е тоа што покрај класичните венчаници обоени во вечната бела боја, тука се и гламурозните креации обоени во неколку романтични тонови, преку кои заедно со мојот тим правиме храбар потег и ја потврдуваме нашата иновативност. Вечен дизајн за вечна љубов!“, велат од студиото на Мила Кадриу.

Брендот Теута Матоши е основан во 2008 година под раководство на главниот дизајнер Теута Матоши Дурики. Со нашата креативност и единствени идеи успеавме да ги задоволиме сите наши клиенти од земјава, но исто така и клиентите што доаѓаат од соседните земји во регионот. Креативност, автентичност и индивидуалност во секој дизајн е она со што допревме до многу наши клиенти во Европа, САД и уште многу други земји во светот. Истата дизајнерска експресија и автентичност ја пренесовме и во екстравагантниот изглед на нашите клиенти на многу свечени настани како и настани на црвениот тепих“, изјави Теута Матоши за својата колекција.

Marriott Bridal Night ќе се одржи на 12 октомври 2016 година, со почеток во 20.00 часот во Скопје Мериот Хотел, а заинтересираните парови и идни невести, ќе може да се пријават за присуство на електронската адреса weddings.skopje@marriott.com или да се регистрираат на Facebook фан страницата на следниот линк.

Целиот настан и презентациите ќе се одржат во главната сала на Скопје Мериот, а присуството на идните невести и парови на Marriott Bridal Night ќе биде шанса да ја погледнат салата за организирање свадби, просторијата за организирање прием и сите можности што се нудат. На овој начин сите идни невести и парови ќе можат да се уверат во уникатноста на Скопје Мериот, екслузивноста на ентериерот, како и бројните можности што ги нуди хотелот за организирање свадба од соништата.