Пронајдени имитатор за експлозија и над 300 парчиња муниција во домот на 59-годишник

Полицијата поднесе кривична пријава против К.П. (59), поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

- На 05.07.2023, полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени имитатор за експлозија, запалки, синтетичко пакување со налик на рачна бомба, иницијални каписли за полнење на ловечка муниција, 349 парчиња муниција, тромблон и ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал, велат од МВР.