Пукање вечерва на Пластичарска, има и повредени

Извори на Скопје Инфо од Министерството за внатрешни работи потврдуваа дека повредени се три лица, едно од нив починало на скопските клиники. 

Вооружена престрелка се случила пред неколку минути на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска улица“ во Скопје.

Екипи на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот. 

Од полицијата засега нема официјална потврда за инцидентот. 

Фото: Алсат Телевизија