Експлозија во фабрика во Скопје, три лица се повредени

Минатата ноќ се случила експлозија во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара.

-Денеска (20.04.2023) околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара настанала експлозија, при што со повреди се здобиле вработените Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, скопско, К.Ф.(29) од с.Мојанци, скопско и Р.С.(33) од с.Долно Количани, скопско, информираат од МВР.

Како што соопшти МВР, тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.