Пронајден мигрант од Авганистан во Велес, но и пет мигранти од Сирија во Градско

Вчера во 04.39 часот на Железничката станица во Велес, полициски службеници од СВР Велес пронашле едно лице мигрант од Авганистан.

Исто така во текот на вчерашниот ден во 19.30 часот на ул.„Александар Македонски“ во Градско, полициски службеници од СВР Велес пронашле пет лица мигранти од Сирија.

Лицата биле предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.