Драма кај Гевгелија: Возило полно со мигранти бегало од полицијата

Возило полно со мигранти се обидело да им избега на полицијата. 

-На 13.03.2024 во 04.30 часот на автопатот А1, во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки, но возилото продолжило со движење.

Набргу, по преземени мерки возилото било пронајдено  на патот кон с.Драчевица, демиркаписко, и биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник, кои се превезувале во возилото, информираа од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.