„Проклети инфлуенсери, пак спасуваат дете“, коментираше Миа Костова на фејсбук

Во рок од 3 дена собрани се околу 40.000 евра за лекување на младиот Кико од Штип. Акцијата за собирање на средствата за лекување во странство и овој пат „ја потегнаа“ и организираа инфлуенсерите. 

- Проклети инфлуенсери, пак спасуваат дете, објави Миа Костова на својот фејсбук профил. 

- Со вакво темпо парите ќе бидат брзо собрани. Македонија никогаш не сум ја видел посплотена за некого, фала ви, вели познатиот јутубер Стефан Лазаров. 

И штипјанката Викторија Милановска со интересна идеја за потикнување на хуманоста за Кико.

- Многу луѓе ме прашаа. Ова дете го имам сретнато еднаш во животот, на нашето запознавање. Ама, неговиот мотив за живот го спомнував често. Нека оздрави и нека си продолжи со реализација на неговата огромна желба да биде јутјубер што ќе им помага и на останатите кои имаат потреба од помош, вели таа. 

Вечерва и во Штип се организира голем хуманитарен настан за помош на младиот Кристијан. 

Парите што ќе се соберат ќе бидат искористени за лекувањето на Кико во Турција, но и за периодот по операцијата, односно рехабилитацијата. 

Во Центарот за култура "Ацо Шопов" вечерва ќе настапат Тајзи, 2Bona, Таско, Пајак, Огнен Здравковски, Барбара Ракичевиќ, Лина Пејовска, Стефан Лазаров, Дј Боно, а билетите се со цена од 200 денари.