Приведени двајца скопјани, кај нив била пронајдена прашкаста материја

Полицијата вчера лишила од слобода двајца скопјани откако претходно кај нив била пронајдена прашкаста материја.

- На 13.10.2023 во 14.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 13.10.2023 во 15.25 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Ш.(48) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена  бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.