Приведен криумчар на мигранти од скопско

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 27-годишниот Б. А. од селото Рашче, Скопско, извести МВР.

- Во 21.15 часот тој бил затекнат со А. А. (18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантот бил сместен во прифатно-транзитен центар, а Б. А. бил задржан во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.