43-годишен скопјанец е лишен од слобода бидејќи кај него била пронајдена марихуана.
Имено, од МВР информираат дека вчера (28.09.22) околу 19 часот, скопјанецот бил приведен на подрачјето Ѓорче Петров-Скопје, а при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.