Притвор за српски државјанин, со нож прободел сопственик на кафана кој прославувал раѓање на новородено дете

Притвор за српски државјанин кој извршил напад и насилство пред два дена врз лице во угостителстки објект во Јосифово. Причините за ваквото насилство од страна на осомничениот се поради тоа што тој и неговиот пријател кои биле под дејство на алкохол биле избркани од кафаната каде што претходно се однесувале грубо, почнале да кршат и да го удараат телевизорот што се наоѓал во објектот.

Сопственикот на кафаната ги замолил да го напуштат објектот при што осомничените му упатиле закани на излегување.

„Во раните утрински часови на 31 март осомичениот извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово додека оштетениот со друштво од 15 до 20 лица, негови другари, прославувал раѓање на новородено дете.

Револтирани затоа што биле избркани, тие излегле од објектот до нивниот камион, по што осомничениот се вратил назад пред влезот каде што се наоѓал оштетениот кој во тој момент зборувал на телефон. Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го пробол со нож во левата страна од градниот кош, нанесувајќи му убодна рана. Осомничениот веднаш се дал во бегство, трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект“, информира ЈОРМ.

До судијата на претходна постапка,  јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот странски државјанин бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство