Притвор за тројца државјани на Македонија во Црна Гора, извршиле измама во вредност од 1500 евра

Притвор во Црна Гора за тројца македонски државјани кои се осомничени за измама во вредност од 1500 евра.

Основното државно обвинителство во Подгорица (ОД) извести дека донело решенија за притвор на В.Д. Д.С. и Ф.Д. сите државјани на Македонија.

Наведеното кривично дело е сторено по претходно изработен план, па од оштетениот е прибавена противправна имотна корист во износ од 1.500 евра“, велат од обвинителството.

Според соопштението на обвинителството, тие се сомничат дека сториле кривично дело измама.