Пријави врсничко насилство: МОН отвори посебни електронски адреси

Министерството за образование и наука соопшти дека почнаа консултации за создавање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.

Како прва активност, иницирано е отворање на електронски адреси, каде што младите, родителите и граѓаните ќе можат да пријават врсничко насилство, а тоа се prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk.

Адресите се активни и министерот за образование Јетон Шаќири најави дека по секоја пријава веднаш ќе се постапува.