Павичевиќ: Онлајн наставата не е добро решение

По дојавите за бомби, Министерството за образование препорача наставата да продолжи онлајн за да не се губат часови, но поради тоа реагираат од сојузот на средношколци.

Лука Павичевиќ од Сојузот на средношколци за „ТВ24“ вели дека тоа не е добро решение.

- Околу онлајн наставата Сојузот секогаш бил против. Во време на пандемијата, кога немаше многу решенија и имаше опасност од зараза, гледавме некаква оправданост на методите. Но, ние секогаш се залагаме за комбинирам модел. Околу дојавите за бомби, во нашите соопштенија баравме да се најде решение. Во моментов гледаме дека нема шанси да се надоплнат загубените часови од првото полугодие, туку тоа што се губи од второто полугодие поради бомбите, ќе се надополнува со целосна онлајн настава и сметаме дека тоа е проблематичниот аспект бидејќи се префрла од шупливо во празно, вели Павичевиќ за „ТВ24“.