Претрес во скопско Чучер Сандево, приведен дилер

На 17.11.2023, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(33) од село Чучер Сандево, скопско.

При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу еден килограм амфетамин распределен во пакувања подготвени за улична продажба, околу половина килограм марихуана, масло од канабис и дигитална вага.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.