Пресуда за момчето кое ја прегази и усмрти Верица Белчовска

Две години и шест месеци затворска казна за момчето кое ја прегази 20-годишната Верица Белчовска на пешачкиот премин во центарот на Струмица.

Со оваа одлука на штипска Апелација по пет месеци од пресудата на Основниот суд во Струмиц двојно се зголемува казната од година и три месеци, но за мајката на Верица тоа е неприфатливо ниска казна.

Адвокатката на Белчовски, Сања Мирчов, вели дека Апелациониот суд не ги известил за одржувањето на јавната седница, за да може семејството да присуствува и да ја искаже болката за загубата.

– Минимална казна му е изречена на обвинетиот за две кривични дела, судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна млад живот – рече адвокатката Сања Мирчов.

Семејството на Верица по нејзината смрт одлучи да се донираат нејзините органи, бидејќи, како што истакнаа, со овој хуман чин нашле сили да продолжат напред.