По пет години судење конечно падна пресуда за “Дурмо Турс“, возачот доби 14 години а сопственикот на компанијата 4 години затвор

По пет мачни години во потрага по правда конечно падна пресудиа за случајот “Дурмо Турс, каде во сообраќајната несреќа што се случи во 2019 година животот го загубија 16 лица а над 30 беа повредени.

Првообвинетиот Дурмиш Белули е осуден на казна затвор во траење од четири години, второобвинетиот Ремзи Мифтари е осуден на казна затвор шест години, обвинетите Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски судот ги осуди на казна затвор во траење од по пет години, а возачот на автобусот, Маноил Трифуновски доби највисока казна затвор во траење од 14 години.

Во завршните зборови на одбраната се тврдеше дека обвинителството не го докажало делото за кое се товарат и побараа ослободителна пресуда. За разлика од одбраната, Јавното обвинителство тврдеше дека сите дела се докажани и побараа најстрога казна зошто сите овие лица придонеле оваа собраќајна несреќа да се случи.

Во овој случај беа обвинети сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски, кои се товарат за соучество во истото дело.