Прегазил жена во Кисела Вода

Патничко возило “Хјундаи“ управувано од А.Н.(25) од Скопје вчера на ул.“Антон Попов“ удрил во А.О.(29) од с.Форино, гостиварско. Со тешки телесни повреди се здобила А.О каде веднаш била пренесена до Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.На местото на настанот бил Извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.