Прегазена малолетничка на булевар „Борис Трајковски“, возачот избегал

Прегазена малолетничка од Скопје. Во неа удрило возило „алфа ромео“, а возачот избегал.

На 30.08.2023 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото, соопшти полицијата. 

Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.