Прегазен маж на пешачкиот кај трговскиот центар “Дајмонд мол“

Вчера во 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Димче Мирчев“ кај трговскиот центар “Дајмонд мол“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(40) од Скопје, удрило во пешакот Х.Ц.(26) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.