Прегазен пешак во Центар, се здобил со тешки повреди

Вчера до СВР Скопје било пријавено дека бил прегазен 47-годишен маж во Центар кој со тешки повреди бил пренесен на Клиника.

„На 09.04.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(19) од Скопје, удрило во пешакот Р.Е.(47) од с.Ласкарци-скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“.