Предпразничен метеж - Внимавајте, полицијата казнува и пешаци

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани се 121 пешак од кои, 104 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин..., информираа од МВР.

Во главниот град се изречени 17 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.